Поврзете се со нас

Англија

Мендеш објасни зошто Роналдо треба да ја добие „Златната топка“

Објавено

на

Фудбалското признание „Златна топка“ и годинава донесе сериозна конкуренција, па неколку фудбалски ѕвезди со право може да се надеваат дека ќе ја добијат престижната награда на „Франс футбол“.

Кристијано Роналдо е еден од 30 номинирани играчи и несомнено име кое ќе се најде во врвот според добиените гласови, а неговиот агент Жорге Мендеш смета дека без сомнение признанието треба да заврши кај Португалецот.

– Бројките и статистиката зборуваат доволно за Роналдо и мислам дека тоа е доволно за уште една „Златна топка“.

– Оваа година тој стигна до 115 голови во националниот тим, соборувајќи важен рекорд, а исто така стана и најдобар стрелец меѓу професионалните фудбалери, достигнувања кои имаат големо значење за фудбалот и неговата историја.

– Точно е дека ова е индивидуално признание, па затоа не треба да се заборави и дека Роналдо беше најдобар стрелец во Серија А и на Европското првенство, а стана и единствен фудбалер кој ги освоил сите трофеи и признанија во трите најсилни лиги. Роналдо навистина ја заслужи „Златната топка“ оваа година, – изјавил Мендеш за „Франс футбол“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни