Поврзете се со нас

Англија

Менаџерот на „волците“ го прецрта екс капитенот: Нема да игра додека размислува за други клубови

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Wolves

Екипата на Вулверхемптон вчера загуби од Челси, а менаџерот Витор Переира по натпреварот објаснил зошто еден од најквалитетните играчи во составот веќе не добива минутажа.

„Волците“ го прецртале екс капитенот Марио Лемина, а португалскиот стручњак ја објаснил ситуацијата.

– За мене тој е надвор од тимот до крајот на преодниот рок.

– Ако остане до крајот на сезоната, ќе видам каква одлука ќе донесам.

– Не сакам да имам фудбалери кои не се целосно концентрирани на нашиот проект, тој тренира, но размислува за понуди од други клубови. Мора да бидам искрен и ви кажувам каква е ситуацијата. Конечниот став ќе го знаете откако ќе заврши преодниот рок, – рекол Переира.

Лемина си го создаде проблемот откако побарал да не биде во тимот во поразот од Њукасл, а наводно преговара со клубови од Саудиска Арабија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни