Поврзете се со нас

Англија

Менаџерот на Тотенхем: Сакам да зборувам со Кејн

Објавено

на

Нуно Еспирито Санто го презема Тотенхем во ситуација кога е можно лондонскиот тим да остане без најдобриот фудбалер и голгетер.

Хари Кејн веројатно сака да се пресели во Манчестер Сити и ги пропушти првите денови од подготовките, а менаџерот вели дека сака да разговара со фудбалерот околу актуелната ситуација.

– Очекувам да имам разговор со Кејн наскоро, засега немав таква шанса.

– Откако ќе ги решиме проблемите, ќе ве известиме за ситуацијата.

– Не дека избегнувам да коментирам што се случува, но сметам дека ваквите проблеми треба да се решат интерно, – им порачал португалскиот стручњак на медиумите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни