Поврзете се со нас

Англија

Менаџерот на Тотенхем: Не ми се верува дека Флек не доби црвен картон (Видео)

Објавено

на

Тотенхем беше убедлив на дуелот со Шефилд Јунајтед и оствари позитивен резултат под водство на привремениот менаџер Рајан Мејсон.

Иако тој може да биде задоволен од резултатот, ги критикуваше судиите затоа што не го исклучиле Џон Флек, кој по еден дуел го нагази Џовани Ло Селсо.

Аргентинецот подоцна ја напушти играта и заврши со преврска на главата, а Мејсон јасно кажа што мисли за одлуката на судијата Андре Маринер и ВАР собата.

– Чист црвен картон, не ми се верува дека не го покажаа.

– Не ми се верува дека главниот судија не беше повикан да ја прегледа снимката, шокиран сум, посебно по црвените картони кои беа доделени изминативе недели. Тоа беше старт кој можеше да биде избегнат, – изјавил Мејсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни