Англија
Менаџерот на Салфорд ги насмеал новинарите со коментарот за убедливиот пораз од Сити

Нисколигашот Салфорд влезе како голем аутсајдер во вчерашниот дуел со Манчестер Сити и го заврши настапот во ФА Купот со пораз од 8:0.
Никој не може да им замери на фудбалерите на гостинската екипа која доживеа дебакл во дуелот со актуелниот англиски шампион, а менаџерот Карл Робинсон бил расположен и на прес-конференцијата по натпреварот.
Прашан за осумте примени погодоци од Сити, Робинсон истакнал дека за него е повеќе од прифатливо Салфорд да прими осум гола на седум натпревари, алудирајќи на серијата од шест натпревари без примен гол во првенството.
– Ако пред седум натпревари некој ми речеше дали прифаќам да примиме вкупно осум голови, веднаш би се сложил на такво нешто, – рекол предводникот на Салфорд.
Салфорд е посебно познат на англиската фудбалска сцена затоа што е во сопственост на поранешни ѕвезди на Манчестер Јунајтед како што се Гери Невил, Дејвид Бекам, Ники Бат, Рајан Гигс, Фил Невил и Пол Сколс.
-
НБА16 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија24 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија6 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Шпанија22 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)
-
Франција21 час
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!