Менаџерот на Роналдо во акција: Супер моќниот Мендеш го „лови“ нашиот Елмас!

elmas-mendes

Секој оној што внимателно го прати фудбалот и фудбалските активности добро знае кој е Жорге Мендеш, супер моќниот агент кој за свои клиенти меѓу другите ги има Кристијано Роналдо, Давид Де Хеа, Тијаго Силва, Анхел Ди Марија, Хамес Родригез, Диего Коста…

Токму тој Мендеш сака да го земе под своја заткрила нашиот супер талент Елиф Елмас кој летово направи голем трансфер и од Работнички потпиша за Фенербахче. Ова го пренесуваат турските медиуми што е одлична вест доколку истата е точна со оглед на способностите и калибарот на Мендеш како агент.

Да потсетиме Елмас до крајот на оваа година, односно до јануари нема да може да игра за сениорската екипа на Фенербахче, бидејќи е малолетен и не доби специјална дозвола од ФИФА да биде регистриран.

Наводно Мендеш се фрлил во акција откако ФИФА не му даде позитивен одговор на Фенер, па останува да видиме каков ќе биде исходот.

Facebook Коментари