Свет
Менаџерот на Мајк: Тајсон сакаше да го претепа Џордан, беше навистина непријатно!
Мајкл Џордан стана исклучително популарен со својот документарец кој секој понеделник се емитува на Нетфликс, а додека цел свет е во исчекување на 7-та и 8-та епизода, ни пристигна и една исповед од поранешниот менаџер на Мајк Тајсон.
Рори Холовеј беше менаџер на „челичниот“ Мајк до 1998 година, но како што открива во својот мемоар кој сега го објави на јавностса, десет години претходно бил сведок на една доста непријатна сцена.
Тајсон и Џордан биле специјални гости на една роденденска забава на поранешната НФЛ ѕвезда Ричард Дент, но работата станала доста напната кога боксерот претерал со пиењето на коктели. Мајк во тоа време беше во брачна врска со Робин Гивенс, девојка со која претходно излегуваше токму легендарниот кошаркар, а Тајсон кој бил во алкохолизираната состојба сакал да го претепа играчот на Чикаго.
– Мајк Тајсон доста пиеше таа вечер, а кога тој пие, сите негови вистински чувства излегуваат на виделина. Му кажав на келнерот да прекине да му носи пијалоци, знаев каде води сето тоа. Мајк го гледаше Мајкл Џордан и одеднаш му порача: „Еј, мислиш дека сум глупав? Знам дека си ја е..л мојата кучка“. Џордан изгледаше како да видел дух, а Тајсон повторно му се обрати и му порача: Само признај ми го тоа, знам што се случувало меѓу вас“. Џордан сакаше само да избега, беше доста непријатно, – открива Холовеј.
– Тоа беше вистински циркус, моравме да ја смируваме ситуацијата, ја менувавме темата. Мајк на сите им кажуваше дека сака да го претепа, се гледаше дека сака да избега од таму најбрзо што може, – додава Холовеј кој сепак нагласува дека не се случило ништо.
-
Балканпред 22 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 9 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 9 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 14 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Светпред 12 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ