Поврзете се со нас

Боречки спортови

Менаџерот на Хабиб даде јасен услов до Конор за евентуална нова борба меѓу двајцата борачи

Објавено

на

Менаџеротна Хабиб Нурмагомедов, Али Абделазиз откри само под кои услови би се случила повторна борба меѓу неговиот клиент и Конор Мекгрегор.

Хабиб во моментов не е сконцентриран на борбите откако неговиот татко неодамна почина поради последици од коронавирусот.

Сепак, неговиот агент проговори за можните следни противници на Нурмагомедов и најави дека Конор е дури четврти или петти борец на листата кои Дагестанецот би можел да ги предизвика.

Прв е Џастин Гејтџи, а за Конор да биде следен предизвикувач Абделазиз даде два услови, од кои еден мора да се исполни.

– Ние сме тие кои сега го имаат главниот збор за договарање на борбите. Конор сега е само резерва. Нека се обиде да спушти килограми до границата на категоријата и нека почека да заработи нешто.

– Ние се подготвуваме за Гејтџи, тоа е борба меѓу двајцата шампиони. Конор не е ни трет предизвикувач, тој е четврт или петти. Него најдобро му е да се бори со Масвидал или Диаз.

– Уште еден услов е оној кој веќе го кажав, ако Конор го сака Хабиб, мора прво да се бори со Ислам Макачев, -заклучи Абделазиз.

Макачев исто така е дагестански борец кој му е тренинг партнер на Кабиб Нурмагомедов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни