Поврзете се со нас

АТП

Менаџерот на Димитров му одговори на Ѓоковиќ: Организаторите се задолжени…

Објавено

на

И понатаму има многу реакции и коментари за тоа што се случуваше на турнирите на „Адрија Тур“, односно за многуте заразени учесници со коронавирусот.

Се започна со позитивниот тест на Григор Димитров за да потоа се изнаредат уште неколку тенисери, тренери, а меѓу оние со КОВИД-19 беше и првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ. Сега се бара виновникот за тоа, се вперува прстот, па така според Срѓан Ѓоковиќ тоа е Димитров и сега сите ги трпат шеттите поради тоа.

Таткото на Ѓоковиќ го посочи главниот виновник за колапсот на „Адрија тур“: Тој ни нанесе голема штета!

Сега одговор на овие обвинувања стигна од менаџерот на бургарскиот тенисер Георги Стоименов кој смета дека организаторите се тие кои мора да преземат одговорност за целата ситуација.

-Во врска со тоа што Срѓан Ѓоковиќ го кажа за хрватската телевизија, сакам да го искажам следново: Григор слета во Белград откако беше во изолација три месеци. Ниту во Белград, ниту подоцна во Задар, не му беше понудено или побарано да направи тест за коронавирус.

-Организаторите на турнирот се оние кои се одговорни за безбедноста на турнирот и тие се одговорни за креирање на правилата што мора да се следат. Григор строго ги следеше сите правила од страна на организаторите на турнирот и постојните закони и правила при преминување на границата меѓу Бугарија, Србија и Хрватска, -порача Стоименов.

View this post on Instagram

Георги Стоименов: ⁠"Във връзка с казаното от Сърджан Джокович пред хърватската телевизия, искам да ви уведомя за следното: Григор кацна директно в Белград, след тримесечна пълна изолация. Нито в Белград, нито по-късно в Задар (Хърватска) му е предлагано или е изисквано от него да си прави тест за коронавирус. ⁠ ⁠ Организаторите на събитието са тези, които имат отговорност за безопасното провеждане на събитието (турнира) и да създадат правила, които да се следват. ⁠ ⁠ Григор стриктно е спазвал всички праила наложени от организаторите на турнира и съществуващите закони и наредби при преминаването на границата между България, Сърбия и Хърватска."⁠ ⁠ Още по темата, четете в линка от нашето Био

A post shared by Tenniskafe.com (@tenniskafecom) on

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни