Англија
Менаџерот на Брентфорд за неофицијалниот „светски рекорд“: Не можам да ви ја кажам тајната
Брентфорд не е екипа која се бори за трофеи, но затоа стигна до неверојатно постигнување, кое веројатно е и светски рекорд.
Иако дури ни статистичарите на ОПТА не можат да потврдат дали досега се случило вакво нешто, јасно е дека Брентфорд постави премиерлигашки рекорд откако постигна гол за нецели 40 секунди на три натпревари по ред.
Серијата започна со голот на Виса против Манчестер Сити, а ја продолжи Мбеумо на соочувањата со Тотенхем и Вест Хем.
The first team in @premierleague history to score in the first minute in three consecutive games
Brentford Football Club ⚡️
— Brentford FC (@BrentfordFC) September 28, 2024
Менаџерот Томас Франк вчера бил прашан како неговиот тим успева да реализира толку брзо по првиот сигнал на судијата.
– Не можам да ви ја кажам тајната, – шеговито почнал Франк.
– Навистина ме интересира дали е ова светски рекорд, мора да е светски рекорд. Три гола за помалку од 40 секунди, ова е неверојатно. Секако дека постои планирање, имаме стратегија за изведување на првиот напад и таа се менува од натпревар до натпревар. Би сакал да им честитам на моите фудбалери и на колегите од стручниот штаб, – потенцирал менаџерот на Брентфорд.
PL Table if matches lasted 1 minute. pic.twitter.com/aVSlmlzxBd
— Griffin Park Grapevine (Brentford FC) (@bfcgpg) September 28, 2024
Виса постигна гол за 22 секунди против Сити, додека Мбеумо стрелаше по 23, односно 37 секунди на дуелите со Тотенхем и Вест Хем.
🖐️ for the season@Bmbeumo19 striking once again 🐐 pic.twitter.com/CZlhj9aQKp
— Brentford FC (@BrentfordFC) September 28, 2024
-
Шпанија19 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Англија22 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
Евролига6 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Свет22 часа
Маскерано: Ако Меси беше дефанзивец…
-
Македонија20 часа
Алкалоид со нова „40-ка“ до „седум од седум“ во Суперлигата
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ и Федерер имаа блиска средба во Шангај: Кај си стари? (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Леонардо посочи кои два клуба се во најдобра позиција за титулата во Серија А
-
Италија7 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете