Поврзете се со нас

Англија

Менаџерот на Брентфорд: Не ми е јасно како не го победивме Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/BrentfordFC

Брентфорд не реализираше многу шанси на дуелот со Манчестер Јунајтед, а на крајот се извлекуваше од пораз со израмнувачки погодок длабоко во судиското надополнување.

Лондонскиот тим можеше да ги освои трите бода против великанот, но по голот на Маунт во 96. минута, на крајот некако успеа да извлече бод со погодокот на Ајер постигнат две минути подоцна.

Менаџерот Томас Франк вели дека ќе се „откажел од фудбалскиот Бог“ ако гостите го освоеле целиот плен.

– Неверојатно е како не победивме на овој натпревар.

– Ова беше редок натпревар со ваков резултат, а на кој едната екипа имала таква доминација. Требаше да има победник и тоа мораше да бидеме ние.

– Потоа примивме гол во 96. минута и во тие моменти сфаќате колку може да биде брутален фудбалот. За малку целосно ќе ја загубев вербата во фудбалскиот Бог, но тој успеа малку да ја поправи ситуацијата, – рекол Франк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни