Поврзете се со нас

Англија

Менаџерот на Брентфорд: Челси е број еден во Премиер лигата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/BrentfordFC

Победничката серија на Челси донесе посакуван пробив на премиерлигашката табела, но и посебен респект кај ривалите во англиското првенство.

Составот предводен од Енцо Мареска викендов ќе се соочи со Брентфорд, а неговиот менаџер Томас Франк не штедел комплименти за „сините“ и нивната актуелна форма.

– Можеби Челси во моментов не е на врвот на табелата, но според мене тие играат во подобра форма и од Ливерпул.

– Играат неверојатен фудбал и се одлично водени од клупата. Мареска врши одлична работа, а екипата изгледа екстремно опасна по противниците.

– Располагаат со сериозна закана во офанзивниот дел и ќе ни биде многу тешко во недела. Сепак, иако очекувам тежок натпревар, верувам дека можеме да се спротивставиме и дека можеме да победиме, – изјавил Франк.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни