Англија
Менаџерот на Брајтон постави уште еден рекорд во Премиер лигата
Англиската Премиер лига го промовираше Фабијан Хурцелер како менаџер на месецот, со што тој испиша историја во доделувањето на ова престижно признание.
Новиот менаџер на Брајтон стана најмлад менаџер во Премиер лигата откако ја презема функцијата од Роберто Де Ѕерби, а добрите резултати на „галебите“ му ја донесоа и првата важна награда.
Брајтон забележа две победи и едно реми на првите три средби во Премиер лигата, па со таков скор му овозможи на Хурцелер да ги победи своите колеги во изборот за менаџер број еден во месец август.
Хурцелер меѓу другото го повтори и успехот на Анге Постекоглу од минатата година, кога менаџерот на Тотенхем исто така беше прогласен за менаџер на месецот уште во првиот избор во текот на сезоната.
Иако и Де Ѕерби претходно имаше успешни периоди во Брајтон, самиот не успеа да го добие признанието, па Хурцелер е прв менаџер на оваа екипа кој го освоил признанието уште од Крис Хјутон во 2018 година.
-
Свет13 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
Свет5 часа
Роналдо се сретна со Шчесни и привлече внимание со коментарот кој му го даде за трансферот во Барса (Видео)
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Лига на нации15 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
Италија14 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Лига на нации10 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)
-
НБА12 часа
Јокиќ трчаше, Вестбрук му мереше време: Многу си брз (ВИДЕО)
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ за Синер: Една работа ме потсетува на мене…