Поврзете се со нас

Англија

Менаџерот на Барнли го искоментира инцидентот со Клоп откако ја урна тврдината наречена „Енфилд“ (Видео)

Објавено

на

„Енфилд Роуд“ беше неосвоива тврдина за сите тимови во Премиер лигата во претходните четири години, но на таквиот статус конечно му дојде крајот изминатава вечер, откако Барнли успеа да го направи она што не успеа да го нарпави ниту еден тим на претходните 68 натпревари на гостувањата кај Ливерпул.

Актуелниот англиски првак не знаеше за пораз на домашен терен од 2017-та година и натпреварот со Кристал Палас, се до изминатава ноќ кога избраниците на Шон Дајч направија огромно изненадување и голем подвиг на најтешкото гостување во англиската елита во изминатите неколку сезони.

Откако Ливерпул не ги искористи своите шанси и не успеа да го совлада Поуп, стигна казна на спротивната страна со досуден пенал и реализираната најстрога казна од страна на Барнс на седум минути пред крајот, епилог кој се покажа како пресериозен удар од кој домаќините не успеаја да се опорават, по што за првпат паднаа на колена и ја прекинаа неверојатната серија на „Енфилд“.

Дајч беше презадоволен што неговиот тим успеа да освои толку големи три бода против Ливерпул, а по средбата мораше да го објаснува и инцидентот кој го имаше со Јирген Клоп по крајот на првиот дел.

– Доаѓаме на овие места и дозволено ни е да се бориме, едноставно да се обидеме да победиме. Си кажавме неколку работи, но ништо што беше надвор од нормата. Едноставно двајца менаџери се „тепаа“ за да победат на натпреварот. Нема ништо погрешно во тоа, – порача Дајч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни