Поврзете се со нас

Шах

Меморијален шаховски турнир „Д-р Звонимир Вукелиќ“ за најмладите!

Објавено

на

В сабота и недела, на 5 и 6 јуни, ќе се организира меморијалниот шаховски турнир „Д-р Звонимир Вукелиќ“, наменет за најмладите, а во организација на семејството Вукелиќ.

Право на настап имаат децата од цела Македонија родени во 2013 година и помлади, а ќе се игра во просториите на ПСУ „Јахја Кемал“. Заинтересираните учесници нема да мораат да платат уписнина.

Пријавувањето се врши преку електронска пошта: [email protected] до 4 јуни. Турнирот започнува да се игра на 5 јуни во 10 часот, со темпо на игра од 30 минути за играч во партијата.

Шахот е поддржан од ПСУ „Јахја Кемал“ како задолжителен предмет од 1 до 3 одделение, а изборен од 4 до 6 одделение.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни