Поврзете се со нас

Шпанија

Мемфис излезе со први импресии по одличното деби во дресот на Барселона

Објавено

на

Мемфис Депај дебитираше за Барселона неколку дена по неговата промоција на „Камп Ноу“, а уште на првиот меч против Џирона дојде до израз со неколку одлични технички потези и гол.

Холаѓанецот изведе одличен удар од 11 метри и ги постави конечните 3:1 во корист на каталонскиот гигант, па почекувано беше што Мемфис се најде во фокусот по крајот на средбата.

Досегашната ѕвезда на Лион ќе се обиде да и го донесе на Барселона она што и недостасуваше минатата сезона по заминувањето на Суарез, а и самиот е свесен дека очекувањата од јавноста и сите во клубот се на завидно ниво.

– Многу сум среќен што дебитирав и што веднаш го скршив мразот во првите минути. Уживав на теренот како играч на Барселона и навистина сум многу среќен. Знам дека се очекува многу од мене и работев напорно за да дојдам до тука. Ова беше добро, но уште подобро ќе биде кога ќе играме на домашен терен пред публика. Сакам да ја почувствувам енергијата на фановите, – изјави Депај.

– Мемфис беше навистина добар, станува збор за играч со извонредни квалитети. Во одредени моменти од мечот покажа што знае и што може да ни донесе. Тој ни носи голем плус во нападот, – изјави задоволниот Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни