Поврзете се со нас

Светски првенства

Мем се обиде да го постигне голот на турнирот, Митревски му одговори со брилијантна интервенција (Видео)

Објавено

на

Дика Мем беше нерешлива енигма за македонската одбрана и лесно успеваше да го пробива блокот со своите разорни удари, но во второто полувреме, имаше еден обид за луд гол од крило.

Ѕвездата на Барселона беше посебно расположена за игра од самиот старт на натпреварот и со голема самодоверба ги изведуваше своите препознатливи шутеви, па во моменти кога беше решено прашањето околу победникот, се обиде да погоди и со таканаречена „вртенка“.

Мем ја сврте топката од зглоб и се обиде да достави кандидат за гол на турнирот, но таквата намера му ја упропасти Никола Митревски.

Искусниот македонски голман се чинеше дека е измамен во прв момент, но Митревски беше доволно брз за да реагира навреме и да се спречи погодок со брилијантна интервенција.

Оваа одбрана на Митревски им привлече внимание и на Шпанците, бидејќи „Теледепорте“ ја издвои истата како една од најдобрите во главната фаза, а притоа ги потенцираше и мачка-рефлексите на македонскиот чувар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни