Поврзете се со нас

НБА

Мелоун: Се надевам дека Јокиќ никогаш нема да го направи тоа против нас

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ со уште едно квалитетно издание го предводеше Денвер Нагетс до победа во НБА лигата, победа со која актуелниот првак стави крај на лошата серија на резултати.

Жртва на составот од Колорадо беше Вашингтон Визардс кој загуби со 130:110. Јокиќ имаше учинок од 21 поен, 19 скокови и 15 асистенции и со тоа испиша историја затоа што стана третиот играч во историјата кој успеал да забележи трипл-дабл против секој тим во шампионатот.

Јокиќ со трипл-дабл за историја во НБА, Дончиќ „распали“ против стариот муштерија (ВИДЕО)

Претходно тоа од рака им успеа на Расел Вестбрук и Леброн Џејмс, па тренерот на Денвер, Мајк Мелоун се пошегува и порача дека се надева дека Србинот никогаш нема да направи таков ефект (трипл-дабл) против Нагетс.

-Се надевам дека никогаш нема да го направи тоа против нас, -истакна Мелоун кој потоа посериозно говореше за центарот.

-Како и секој одличен асистент, тој секогаш ја држи главата горе. Го истражува секој дел од теренот. Гледа кој е отворен, каде е одбраната, има исклучителен коефициент на интелигенција. Тој гледа многу работи пред да се случат, -заврши стратегот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни