Мелор: Кутињо не му е потребен на Ливерпул, тој воопшто…

kutinjo-beri

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Нил Мелор смета дека Филипе Кутињо воопшто не му е потребен на клубот од „Енфилд Роуд“.

Кутињо неколку години беше клучен играч на „црвените“ за да потоа побара трансфер во Барселона каде не се снајде баш најдобро, па низ медиумите се појавија одредени вести, најава дека можеби Бразилецот ќе се врати во старата средина.

-Мислам дека Кутињо беше одличен за Ливерпул и уживав да го гледам. Имаше креативно влијание за да можат работите да се случи, па бев разочаран кога си замина. Си замина во Барселона од не знам која причина, тој таму не го покажа истиот квалитет како во Ливерпул. Еден од најголемите комплименти кои можете да му ги даде на овој тим на Ливерпул и Клоп е дека на нив воопшто не им недостасуваше Кутињо. Тие скокнаа од борба за топ 4 до борба за титулата и ја освоија ЛШ без Кутињо. Беше одличен играч за Ливерпул и обожавав да го гледам, ама не фали, -рече Мелор.

Facebook Коментари