Поврзете се со нас

Лига на нации

Мелодијата од „Хеј Словени“ одекна во Осијек, хрватските фанови збунети од интонирањето на химните

Објавено

на

Foto:x.com/HNS_CFF

Хрватска ја победи Полска благодарение на мајсторијата на Лука Модриќ и тоа се покажа како доволно за голема радост на трибините во Осијек, стадион на кој вчера присутните на „Опус Арена“ доживеале и малку непријатно искуство пред стартот на мечот.

Традиционалното интонирање на националните химни пред почетокот на натпреварот предизвикало свирежи и чудење од дел од домашните фанови, бидејќи химната на Полска го има истиот ритам и истиот такт како познатата „Хеј Словени“, химна на поранешна Југославија.

Оние кои не се толку упатени ја проследиле химната со свирежи и непримерни гестикулации, но „Слободна Далмација“ како угледен медиум даде едноставно објаснување за цела непријатна ситуација.

– Полската химна и химната на поранешна Југославија имаат идентична мелодија, со тоа што полската химна датира од далечната 1797-ма година и се уште е актуелно обележје на оваа земја. Истата е напишана од Јозеф Вибицки и во средината на 19-от век била прифатена од многу револуционерни движења, по што Словакот Самуел Томашик ја искористил истата мелодија за да ја напише „Хеј Словени“.

– Подоцна, оваа песна била прифатена како сесловенска химна, а потоа и химна на поранешна Југославија, што всушност е најдобро објаснување за она што вчера се случило на трибините на „Опус арената“ во Осијек.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни