Поврзете се со нас

Италија

Мело: Ако Јувентус ме побара…

Објавено

на

Контроверзниот Фелипе Мело деновите се најде во центарот на вниманието на италијанската и фудбалската јавноста откако Џорџо Кјелини го посочи како најлош соиграч во кариерата.

Бразилецот не остана должен, возврати, коментираше за да сега 36-годишниот Мело посочи дека би прифатил да се врати во Јувентус за да игра заедно со Кристијано Роналдо.

-Има играчи кои прават разлика. Меси, Кристијано Роналдо, Нејмар … Потоа тука сум јас, Фелипе Мело и моите удари, нешто што многу добро го правам. Ама јас не го правам само тоа, имав можност да му асистирам на Робињо, за мене еден од најдобрите и тоа против Холандија на СП во 2010 година.

-Луѓето кога ќе помислат на Мело мислат на удари, ама не се само удари. Не бев во Јувентус, Интер, Фиорентина и Галатасарај поради ударите кои ги давав на теренот. Јас освоив 15 трофеи, па имам и одреден квалитет.

-Ако Јуве ме повика да играм со Кристијано, ќе се вратам. Барселона го сакаше Де Лихт, Кристијано Роналдо му се јави и сега е во Јуве, има 20 години… -вели Мело за „Оле“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни