Поврзете се со нас

Англија

МекТомини откри што му порачал на Тен Хаг пред заминувањето во Наполи

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Скот МекТомини мина 22 години во Манчестер Јунајтед пред да го напушти клубот изминатово лето, па иако се проследија многу инфромации во јавноста за неговото заминување, единствено јасно беше дека тоа не е одлука на Ерик Тен Хаг.

Холанѓанецот се дистанцираше од целиот случај и во повеќе наврати посочи дека тој го посакувал играчот за врска во својот тим, додавајќи дека клубот бил тој кој пресудил да го продаде поради задоволување на финансискиот фер-плеј.

Во изминатите пет месеци, МекТомини мудро молчеше на оваа тема, но сега во интервјуто за шкотски „Би-Би-Си“ откри дека и самиот тој изнудил заминување од „Олд Трафорд“, особено кога го добил повикот од Конте и Наполи.

– На крајот, тоа беше заемна одлука, моја и на клубот. Ми се отвори убава шанса и се постави прашањето: Сакаш ли да одиш таму?

– Знаев дека Јунајтед е во потешкотии поради финасискиот фер-плеј, а на еден клуб не му е лесно да донесе одлука кога станува збор за играч кој е израснат во Академијата. Јас лично воопшто не размислував за тоа и точно е дека последниот ден не ми беше лесно да се поздравам со сите.

– Таков е фудбалот, таков е животот, понекогаш мора да направите исчекор и да продолжите понатаму. Зборував лично со Тен Хаг и тој ми ги пренесе сите свои размислувања за целата ситуација. Му реков дека станува збор за мојата кариера и дека јас сум тој кој притискам да одам напред. Во дадената ситуација беше важна само мојата иднина. Се ставив на прво место и решив да не бидам спречен во својата намера од надворешни фактори.

– Одлуката беше голема и тешка, но истовремено прилично едноставна. Ги видов страствените навивачи на Наполи, го видов тренерот, видов добри играчи и видов добра шанса за мене. Ја зграпчив шансата и не погледнав назад. Не ми требаше многу за размислување пред да донесам одлука, тоа беше она што го сакав и никогаш нема да се каам во животот. Кога ќе одлучам дека нешто треба да направам, тоа е завршена работа, нема враќање назад, – потенцира МекТомини.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни