Поврзете се со нас

Англија

Mектоминеј застана во одбрана на Погба: Луѓето не го познаваат, тој е…

Објавено

на

Пол Погба во 2016 година се врати во Манчестер Јунајтед и донесе голема надеж кај навивачите на премиерлигашот дека токму тој е играчот кој може да го врати сјајот на клубот, помогне да биде најдобра во Англија и меѓу најдобрите во Европа.

Меѓутоа доста време помина, се сменија многу тренери, но Погба никогаш него го достигна нивото на игра од Јувентус кога блескаше и го привлече вниманието на многу клубови и јавноста. Често Французинот е критикуван со оглед на тоа што нема конзистентност во неговите настапи и исто така поради одредени потези надворд од теренот, но според Скот Mектоминеј неговиот колега не е доволно разбран, сфатен од јавноста.

-Се сеќавам дека го гледав Погба во Јувентус кога бев во резервите во Јунајтед. Си помислив: „Ова момче е лудо“. Луѓето не го познаваат, не знаат кој е.  Според мене не е сфатен поради тоа што е, неговиот карактер и тоа што му го носи на тимот.

-Секако дека може да има лош натпревар, секој може да има, ама дека се работи за Погба тоа се зголемува на друго ниво. Кога игра добро, тој е таму горе со најдобрите. Топ класа, -порача шкотскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни