Поврзете се со нас

Англија

Мектоминеј се пофали со страшниот изглед на Инстаграм, Фернандеш го „поздрави“ својот колега (Фото)

Објавено

на

Карантинските услови ги принудија фудбалските ѕвезди сами да внимаваат на себе и да се одржуваат во форма според протоколите на фитнес тренерите, а интересно е тоа што дел од фудбалерите тврдат дека во овие изминати два месеци работеле понапорно и од нормални услови.

Серхио Рамос беше еден од оние кои тврдеа дека во овој момент се чувствува во подобра физичка форма од периодот пред паузата, додека во Англија во изминативе 24 часа доста популарна стана фотографијата која ја сподели Скот Мектоминеј.

Младиот Шкотланѓанец и онака важи за еден од најподготвените во првиот тим на Јунајтед, а со последната објава на Инстаграм долови во каква фасцинантна состојба е неговото тело.

Скот доби безброј пофалби за физичката форма која ја одржува во овој тежок период, но исто така беше и „поздравен“ од Бруно Фернандеш кој му порача да не заборава дека треба да ја користи и топката покрај одењето во теретана.

– Скоти, немој да заборавиш дека тренирањето со топка е многу важно, – му порача Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни