Италија
МекТоминеј пријатно шокиран од една работа во Наполи: Останав без текст
Скот МекТоминеј стана прекуброен во проектот на Ерик Тен Хаг и после 22 години го напушти својот матичен клуб, а сега новата фудбалска авантура ја има во Италија.
Шкотланѓанецот го прифати повикот од Антонио Конте и се пресели во редовите на Наполи, па после првите искуства кои ги доживеа во овој клуб, сега ги испорача и првите импресии во јавноста.
Во разговорот за официјалниот јутјуб канал на клубот, МекТоминеј откри дека се разбудила жарта во него кога добил повик од Конте, но по пристигнувањето во Италија, посебно го шокирала една работа.
– Кога дознав дека Наполи е заинтересиран, се запали оган во мене. Веднаш почнав да притискам кога добив повик од Конте и навистина сакав да дојдам тука.
– Од она што досега го искусив, можам да кажам дека фановите на Наполи се луди, би рекол дека се едни од најдобрите навивачи кои ги имам видено во животот. Навистина е неверојатно, немам доволно зборови за да ги опишам навивачите и луѓето во овој град. Останав без текст. Имам 27 години и веќе не сум мало дете, сакам да притискам и да ја оправдам довербата. Се надевам дека ќе ми успее тоа, – вели МекТоминеј.
-
Свет12 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
Свет5 часа
Роналдо се сретна со Шчесни и привлече внимание со коментарот кој му го даде за трансферот во Барса (Видео)
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Лига на нации15 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
Италија14 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Лига на нации10 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)
-
НБА12 часа
Јокиќ трчаше, Вестбрук му мереше време: Многу си брз (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Гвардиола даде одговор од Италија: Дали е ова моја последна година во Сити?