Свет
МекТоминеј постигна страшен гол против Шпанија, судијата направи невиден циркус (Видео)

Шкотска уште еднаш се покажа како цврст орев и ја изнамачи Шпанија на гостувањето во Севилја, а можеше да оствари и многу поповолен резултат ако не беше донесена една контроверзна одлука во 60-та минута.
Скот МекТоминеј ја продолжи гол-серијата од изминатиот викенд и на страшен начин погоди од слободен удар за 0:1, па иако гостите се израдуваа и беа сигурни дека поведуваат на „Ла Картуха“, за нив следеше шок во продолжение.
Судијата Сердар Гузубјук долго ја прегледуваше ВАР снимката и првично утврди дека имало мал прекршок врз голманот Унаи Симон, поради што на крајот го поништи голот и го прекина славјето на Шкотланѓаните.
Гостите беа шокирани од одлуката и беа уверени дека им беше поништен чист гол, но гневот стана уште поголем откако официјалните судии ја променија ВАР одлуката за време на мечот, па нагласија дека голот на бил поништен поради фаул, туку поради офсајд.
– Сите Шкотланѓани ќе бидат фрустрирани по поразот од 2:0. Постигнавме гол кој мислевме дека не носи на Европско првенство. Скоти испрати неверојатен удар, ниту еден голман во светот немаше да го одбрани тоа. Судијата процени дека има фаул, но за време на мечот се премисли и после ни порача дека било офсајд. Ова беше навистина тежок удар за нас, – изјави фудбалерот на Астон Вила, Џон МекГин.
😮Lo anuló el VAR, pero McTominay se sacó este misil de la manga para revivir los fantasmas del partido de ida#SelecciónRTVE
📺En DIRECTO: https://t.co/CqSwIJtEQD pic.twitter.com/eySE5uTjz0
— Teledeporte (@teledeporte) October 12, 2023
-
Англијапред 18 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Англијапред 20 часа
Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…
-
Светпред 22 часа
Емотивен крај: Суарез постигна гол на последниот натпревар за Гремио и го прослави во стилот на Меси (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Конкуренција за Гарначо: Тривела-магија во Англија се издвојува како сериозен кандидат за „Пушкаш“ наградата (Видео)
-
Англијапред 6 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Италијапред 16 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 4 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Светпред 16 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година