Италија
МекТоминеј постигна гол после 25 секунди, Конте почна да ужива во Неапол (Видео)
Убедливиот пораз од Верона со резултат 3:0 на стартот на новата сезона најавуваше тешки денови за Антонио Конте на почетокот на неговата етапа во Неапол, но како што одминува времето, се чини дека италијанскиот стручњак се повеќе ужива под Везув.
Наполи заборави да губи од споменатиот меч и фати залет со биланс од четири победи и едно реми, а денеска го запиша и петтиот триумф на отворањето на седмото коло во Серија А.
Тимот на Конте го победи Комо на домашен терен со 3:1 и се зацврсти на врвот на табелата во Калчо лигата, сценарио кое беше најавено уште во 25-та секунда.
Скот МекТоминеј го постигна својот прв гол во Серија А после 25 секунди игра, а иако Комо одговори преку Стефеца и внесе неизвесност, Наполи беше тој кој се радуваше на трите бода.
Ромелу Лукаку од пенал се погрижи за ново водство на домашниот тим, за потоа одлично да асистира и до Давид Нерес кој ги постави конечните 3:1.
Задоволниот Конте влета на теренот по третиот гол на неговиот тим, што дефинитивно е јасен предзнак дека веќе ужива во тоа што го прават „наполитанците“ на стадионот „Диего Марадона“.
Првенецот на МекТоминеј погледнете го ТУКА
Одлучувачкиот гол на Нерес погледнете го ТУКА
-
Македонија21 час
Беса соопшти кој ќе ја води екипата до крајот на есенскиот дел на сезоната
-
Боречки спортови22 часа
Македонија слави: Илиоски е европски првак во кик-бокс (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Трката за „Златната топка“ била многу тесна: Откриено за колку гласови Родри го победил Винисиус Жуниор
-
Англија23 часа
Рајс има фрактура, виси неговиот настап против Челси
-
Англија20 часа
Навивач на Јунајтед му делеше лекции на Гарначо, Аргентинецот му одговори (ВИДЕО)
-
Германија24 часа
Екс германски репрезентативец со трогателна порака ја потврди смртта на својата сопруга
-
Шпанија7 часа
Анчелоти за потегот кој се уште го прогонува: Најголемата грешка ја направив после мојата прва година во Реал
-
Евролига16 часа
Олимпијакос го сруши Панатинаикос во грчкото дерби, Барселона е нов лидер во Евролигата (ВИДЕО)