Поврзете се со нас

Англија

МекТоминеј откри каква лекција добил од Жозе на првиот тренинг: Се расправав со Керик и Јанг, Мурињо ме „соголи“ пред сите

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManUtd

Скот МекТоминеј е фудбалски продукт на школата на Манчестер Јунајтед и доби шанса во првиот тим од страна на Жозе Мурињо, тренерско име кон кое Шкотланѓанецот секогаш ќе чувствува големи симпатии.

Играчот за врска на Јунајтед доаѓа до израз и оваа сезона во која е најдобар голгетер на Јунајтед во Премиер лигата, но навраќајќи се на своите почетоци, Скот се обиде да долови колку важен за него бил Мурињо.

Жозе вчера заработи отказ од Рома и по шести пат во кариерата не заврши започната авантура во еден клуб, а во моменти кога добива многу поддршка, се јави и МекТоминеј.

– Кога почнав да се пробивам и да тренирам против првиот тим, се сеќавам на стартот на сезоната во 2017-та година. Отидов да тренирам со првиот тим и имаше многу играчи кои беа на репрезентативни обврски. Судиите кои судат на натпреварите на тренинзите, секогаш се наклонети кон оние играчи од првиот тим, а јас како младо момче, ги загуби нервите.

– Почнав да викам и тоа не беше баш добро, се расправав со Мајкл Керик и Ешли Јанг. Мурињо потоа ми пријде и ми одржа лекција, ми порача дека не смеам да се однесувам така, не смеам да се однесувам како идиот. Ме „соголи“ пред сите и ми посочи дека немам направено ништо во кариерата. Неколку месеци подоцна, од фитнес тренерот дознав дека ме тестирал. Тој беше многу важен за мене, вечно ќе му бидам благодарен за шансата која ми ја даде. Сите во моето семејство го обожаваат Мурињо, – вели МекТоминеј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни