Поврзете се со нас

Англија

Мектоминеј го посочи „виновникот“ за победата на Јунајтед: Морате да се борите како кучиња…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед дојде до посакуваниот резултат во соочувањато со Фулам кое го реализираше со 1-0 со погодокот на капитенот Бруно Фернандеш во 91 минута.

Ги израдува „црвените ѓаволи“: Фернандеш со победнички погодок го одбележа јубилејот во дресот на Јунајтед (ВИДЕО)

Јунајтед не блескаше и на „Кревин Котиџ“, меѓутоа пронајде начин да дојде до трите бода, триумф кој бил инспириран од навивачите. Скот Мектоминеј откри дека пораката пред натпреварот (Play like you mean it) била дополнителна мотивација за нив да донесат радост за фановите.

-Го видовме транспарентот пред натпреварот. Неколкумина од нас рекоа дека навивачите плаќаат добри пари за да доаѓаат да не гледаат секоја недела и нивната поддршка е немилосрдна секоја недела, па ние само сакаме да им се оддолжиме најдобро што можеме. Работите не одат најдобро во моментов, но ова е процес, одиме чекор по чекор, со менаџерот и стручниот штаб многу им веруваме, им веруваме на играчите. Мислам дека можеме да продолжиме  и да бидеме подобри.

-Очигледно не можеме премногу да се занесуваме, но понекогаш кога сè е против вас, вие треба да го направите тоа на свој начин и да се соберете и да се борите како кучиња, тоа е она што треба да го направите. Тоа е процес и мислам дека направивме повеќе од доволно за да го добиеме натпреварот на крајот, -порача шкотскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни