Мектоминеј е оптимист: Јунајтед може да освои три трофеи оваа сезона

scott-mctominay

Шкотскиот репрезентативец, Скот Мектоминеј е оптимист и верува дека неговиот Манчестер Јунајтед може да ја заврши актуелнава натпреварувачка кампања со дури три трофеи.

„Црвените ѓаволи“ имаат променливи партии и резултат сезонава, но без разлика на тоа Скот смета де екипата има потенцијал за да триумфира во натпреварувања како Лига, ФА Купот, но и Лигата на Европа.

-Пријатно е да се освојат неколку индивидуални трофеи, убаво е чувството, -почна Мектоминеј кој беше прогласен за играч на месецот.

-Ама е тешко кога имате толку натпревари. Ова е многу тежок период и тројца-четворица момци исто можеа да ја освојат. Имав среќа и им благодарам на навивачите што гласаа за мене. Поважно е дека кога станува збор за деловната страна на сезоната, ние сме тука и можеме колективно како група да триумфираме. Тоа е она што сите го посакуваат во соблекувалната. Можеме да освоиме три трофеи сезонава и тоа е нешто што навистина го очекуваме и се надеваме во однос на групата и нашите цели. Прекрасно е да се биде играч на месецот но станува збор за колективот и не би можел да го освојам без моите соиграчи, -истакна 22-годишниот Скот.

Facebook Коментари