Светски првенства
Мексико стави крај на една долга традиција, Тата Мартино веднаш се збогува како селектор

Мексико последен пат останал без осминафинале на Светско првенство откако претходно се изборил за финален турнир во далечната 1978-ма година, а после цели 44 години, „ацтеките“ доживеаја големо разочарување и елиминација во групната фаза.
Само за потсетување, Мексико не играше осминафинале само на мундијалот во 1990-та година поради тоа што доби забрана од ФИФА да настапи на Светското првенство, но неброејќи го тој турнир, традицијата долга повеќе од четири децении вчеравечер доби свој крај.
Селекцијата на Тата Мартино ќе се памети по лошо во мексиканската спортска јавност, без оглед на завршниот напор против Саудиска Арабија и желбата да се стигне до трет гол.
Победата од 2:1 е јалова и Мексико поради полоша гол разлика заврши зад Полска, а крајот на мечот воедно значел и крај за Тата Мартино како селектор на оваа селекција.
– Јас сум прв одговорен за ова ужасно разочарување. Постои голема фрустрација кај сите нас. Како човек кој е лидер на тимот, преземам одговорност за овој неуспех.
– Мојот договор заврши со последниот свиреж на судијата. Повеќе нема што да правам во оваа селекција, – изјавил Тата Мартино на пресот.
-
Светпред 19 часа
Данецот се повлече од терените: Хансен ја прекина кариерата поради стрес!
-
Шпанијапред 23 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Францијапред 15 часа
Малиновски ја „искина“ мрежата на Донарума, ПСЖ е елиминиран од Купот на Франција (ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Реал го потврди статусот на фаворит и ќе се бори за пехарот на Светското клупско првенство (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 16 часа
Митревски блескаше и му ја донесе првата победа на Порто во ЛШ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 20 часа
Братот на Меси жестоко ја нападна Барселона: Никој не ги знаеше пред Меси, тие се предавници
-
Англијапред 15 часа
Санчо даде гол по пет месеци, Јунајтед немаше сили за целосен пресврт (ВИДЕО)
-
НБАпред 19 часа
Го изненади целиот кошаркарски свет: Како реагираше Дејвис на историскиот кош на Леброн (ВИДЕО)