Поврзете се со нас

Свет

Мексико доби пенал за четвртфинале во 97. минута, но ВАР се погрижи за голем пресврт (Видео)

Објавено

на

Мексико влезе како фаворит во пресметката со Еквадор и се обидуваше на секој начин да го скрши отпорот, па иако во 97-та минута добија пенал и се чинеше дека ќе осигураат четвртфинале, на крајот не дојдее до такво нешто.

Радоста меѓу „ацтеките“ брзо се претвори во големо разочарување, бидејќи главниот судија доби инструкции од ВАР дека нее станувало збор за прекршок, туку глума од Мексиканскиот фудбалер.

Поништената одлука во 98-та минута значеше дека Мексико останува без шанса да постигнее гол за четвртфинале, па така во оваа фаза се пласираше Еквадор со една победа и едно реми.

Четири освоени бода има и Мексико, но поради полоша гол разлика испаѓа уште во почетната фаза на Копа Америка.

На вториот меч, Венецуела со 3:0 ја победи Јамајка и со максимален ефект се најде меѓу осумте најдобри во Јужна Америка, фаза во која ќе игра против Канада.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни