Поврзете се со нас

Свет

Мексикански судија се „исклучи“ и со колено удри играч во меѓуножјето (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалот знае да ни понуди многу чудни ситуации и моменти, а во оваа група дефинитивно спаѓа тоа што се случи на дуелот меѓу Клуб Америка и Леон во првата лига на Мексико.

Средбата заврши без победник 2-2 со тоа што интересно истата ја одбележа главниот судија Фернандо Ернандез со еден потег кој не се гледа на терените.

Ова беше возбудлив меч во кој имаше тензија, нервоза, ама повеќе од јасно е дека арбитрите мора да останат смирени, меѓутоа тоа со Ернандез не се случи и поради тоа е поведена постапка и може да заработи суспензија.

Имено тој во 65 минута му додели жолт картон на Бареиро по што многу блиску му дојде Ромеро кој бараше некоја своја правда, објаснување, а Ернандез реши да го реши со удар со колено во меѓуножјето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни