Мексиканската легенда на Барса: Поради Роналдо не завршив во Реал

markez-red

Барселона искличително добро ги бира играчите со кои ги засилува дефанзивните редови, бидејќи навистина комплексна задача беше да се заменат играчи како Карлес Пујол, а претходно и Рафа Маркез кој цели седум години го носеше дресот на каталонскиот гигант.

Мексиканскиот дефанзивец кој можеше да игра и како последен играч за врска насобра 240 настапи за Барса од 2003 до 201о година, но сега самиот тој открива дека историјата можела да биде и многу поинаква, бидејќи бил на чекор да потпише за најлутиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.

Маркез обелоденува дека Монако и Реал биле во завршни преговори за негов трансфер во 2003 година, но тогаш „кралевите“ од еднаш решиле сите сили да ги насочат кон комплетирање на мега зделката, односно трансферот на „Феноменот“ Роналдо.

– Поради одредени нешта, работите знаат да се сменат во секунда. Јас имав голема страст и бев среќен, но кога стапија во контакт со Роналдо, преговорите експресно згаснаа. Се чувствувам горд што во една етапа од мојата кариера, Реал Мадрид се интерресираше за мене, но кој можеше да помисли дека подоцна ќе триумфирам во Барселона. Роналдо го спречи мојот трансфер во Реал, но го навести оној во Барселона, – открива 39-годишниот Маркез за „ЕСПН“.

Facebook Коментари