Поврзете се со нас

Шпанија

Мексиканецот е приказна за себе: Агире го однесе својот тим во финалето, па го прекина пресот поради телефонски повик (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RCD_Mallorca

Хавиер Агире има богато работно портфолио во шпанската Ла Лига и во минатото го водеше и големиот Атлетико Мадрид, но негова последна авантура во Примера е Мајорка.

Искусниот Мексиканец важи за еден од најхаризматичните тренери во шпанската елита и со своите настапи секогаш е интересен за новинарите, па така беше и после огромниот успех кој го оствари неговиот тим.

Мајорка направи пријатно изненадување и го елиминираше Реал Сосиедад во пенал рулетот, што автоматски значеше дека тимот од Островот ќе игра во прво финале по пауза од 21 година.

„Црвените“ ќе се борат за трофејот во големото финале на Копа дел Реј и вечерва ќе дознаат дали ќе играат против Атлетико Мадрид или Атлетик Билбао, но тој момент се уште е премногу далеку за Агире.

Популарниот „Ел Васко“ бил максимално релаксиран и по крајот на натперварот, па својот прес го прекинал поради тоа што добил телефонски повик на кој решил да одговори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни