Поврзете се со нас

Олимписки игри

Мексиканците му се реваншираа на домаќинот и ја освоија бронзата на ЛОИ (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Мексико ја победи Јапонија (3-1) и го освои бронзениот медал на турнирот во фудбал на ЛОИ во Токио.

Мексиканците знаеја да ги искористат своите шанси и на тој начин да дојдат до второто одличје во историјата на оваа сцена по златото во Лондон во 2012 година. Избраниците на Лозано уште во првиот дел дојдоа до водство од 2-0 (Кордова, Васкез), предност која Вега ја зголеми во 58.

По овој гол стана јасно дека медалот завршува кај Мексико, па домаќинот до крајот само даде почесен гол преку Митома.

Со ова воедно Мексиканците им се реваншираа на Јапониците кои во групната фаза славеа со 2-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни