Поврзете се со нас

Лига на шампиони

МекМанаман за дербито на „Итихад“: Сити има посилен состав од тој на Реал Мадрид

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/stevemcmanaman17
Фото: https://www.instagram.com/stevemcmanaman17

Манчестер Сити утре го пречекува Реал Мадрид за комплетирање на четвртфиналниот двомеч од Лигата на шампионите, а реваншот доаѓа по резултатот 3:3 на првата средба одиграна во Шпанија.

Актуелниот европски првак има предност на домашен терен на вториот дуел, а Стив МекМанаман смета дека Сити е фаворит за место во полуфиналето во дуелот на неговите два поранешни клуба.

– Реков и претходно дека Реал мора да има одредена предност од првата средба за да може да очекува нешто повеќе на реваншот на „Итихад“.

– Во Мадрид беше 3:3, па сега според мене Сити е голем фаворит. Тие се актуелни прваци, играат во одлична форма и потребна им е само победа за место меѓу најдобрите четири.

– Постигнаа четири гола против Реал пред две години, постигнаа четири гола против истиот противник и минатата сезона, така што мислам дека на Реал ќе му биде многу тешко да стигне до позитивен резултат.

– Реал Мадрид ќе биде подобар тим следната сезона, годинава го имаат и Белингам, но мислам дека сепак имаат послаб состав од тој на Сити, – вели МекМанаман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни