Поврзете се со нас

Англија

Мекманаман посочи кој клуб ќе го оттргне Клоп од „Енфилд Роуд“: Јирген го обожава Ливерпул, но…

Објавено

на

Стив Мекманаман е вистинска легенда на Ливерпул и еден од ретките Англичани кои успеаја во шпанската Примера, но уште повеќе, играч кој успеа да се истакне во големиот Реал Мадрид.

Незаборавниот играч за врска осови две титули во Лигата на шампионите со „кралскиот клуб“, но сепак најдраго му е времето кое го мина во клубот од неговото детство. Мекманама потекнува од семејство од индустриски град близу Ливерпул (Ботл), па повеќе од јасно е дека негова животна желба беше да заигра за најголемиот клуб во неговиот округ, или поточно на славниот „Енфилд Роуд“.

Мекманаман мина цели девет години во Ливерпул, а потоа уште четири во Реал Мадрид и две години во Манчестер Сити каде стави крај на кариерата. Сепак, ако треба да избере еден клуб, Стив на прво место го става Ливерпул, а како огромен фан на „црвените“, сега направи своја претпоставка за едно непосакувано сценарио за навивачите на Ливерпул.

Англичанецот е убеден дека Клоп е пресреќен и презадоволен во Ливерпул, но верува дека во блиска иднина, тој ќе се врати во родната земја и ќе го преземе Баерн Минхен.

– Клоп го обожава Ливерпул и ја обожава Премиер лигата. Но, сите може да видиме како тој се враќа во Германија за да го преземе Баерн Минхен. Тоа е клубот кој може да го оттргне од тука. Германските тренери добиваат посебен третман во својата земја и никој не може да негира дека тој нема да заврши во Баерн. Покрај тоа, начинот на кој функционира Баерн во последно време, оди во тој прилог. Пред две години, Баерн изгледаше како тим кој е многу стар, но сега имаат дузина од млади и гладни играчи, – вели Мекманаман за „Дејли Стар“ и објаснува зошто Клоп би одбил ангажман во Барселона или Реал Мадрид.

– Мислам дека Клоп нема желба да тренира во Шпанија. Во Барселона има многу политика, а во Реал Мадрид има уште многу работа, – завршува Мекманаман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни