Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мекманаман пофали еден играч од натпреварот на „Бернабе“: Повреден е, а игра одлично

Објавено

на

Стив Мекманаман ја има улогата на стручен коментатор за „БиТи Спорт“ на денешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.

„Граѓантие“ бранат предност од еден гол од првиот натпревар одигран во Манчестер и барем засега истата ја одржуваат затоа што резултатот во моментов е оној почетниот, 0:0.

Меѓу промените кои Гвардиола ги направи за денешниот натпревар е и Кајл Вокер кој ја зазеде десната бековска позиција на која на првиот натпревар играше Џон Стоунс.

ТОкму Вокер беше пофален од Мекманаман кој посочи дека бекот се уште е повреден, а и покрај тоа игра одлично на „Бернабе“.

– Можеби се мачи со повреда, но Кајл Вокер е одличен вечерва,- кратко изјави Мекманаман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни