Поврзете се со нас

Формула 1

Мекларен покажа моќ во квалификациите, Расел ги раздели Пјастри и Норис во Кина

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/McLarenF1

Вториот дел од Формула 1 викендот во Кина започна со враќање на доминацијата на Мекларен, чии болиди обезбедија одлични резултати во квалификациите за главната трка.

Оскар Пјастри по второто место во спринтот успеа да стигне до пол-позицијата за главната трка, а неговиот тимски колега Ландо Норис имаше трето најбрзо време во третата квалификациска сесија.

Виновник за тоа што Мекларен нема еден-два стартна позиција е Џорџ Расел од Мерцедес, кој направи изненадување со втората позиција до која стигна со последниот летечки круг.

Норис ќе го има Макс Ферстапен како „партнер“ во вториот стартен ред, додека зад нив ќе бидат возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер.

Во првата десетка се најдоа уште и Хаџар, Антонели, Цунода и Албон.

Прва победа со Ферари: Хамилтон триумфираше на спринтот во Кина

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни