Поврзете се со нас

Англија

Мекларен: Касемиро мислеше дека има видено се во фудбалот, се додека не се сретна со Тен Хаг!

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Стив Мекларен две години му беше асистент на Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, но ова лето си замина за да се врати на самостојната тренерска кариера.

Мекларен замина да биде селектор во Јамајка и сега од дистанца ги следи случувањата во Јунајтед, клуб кој смета дека е на вистински пат со Холанѓанецот како предводник на тимот.

Во интервјуто за „Телеграф“, Мекларен вели дека Тен Хаг постпапил правилно во скандалот со Кристијано Роналдо и го одобрува тоа што им дава шанса на млади играчи, но ја става во прв план и неговата методологија од која бил изненаден и Касемиро.

– Немам никаква забелешка за начинот на кој Тен Хаг го води тимот. Веќе имам кажано дека тој е вистинскиот човек и стојам зад тоа. Дојде со многу високи очекувања, постави високи стандарди и правила кои мора да се почитуваат. Ако некој доцни на тренинг, оди на клупа. Тоа го покажа со Рашфорд, го покажа и со Роналдо, кај него не постојат имиња. Од првиот ден порача дека на Јунајтед му е потребна голема промена и се уште оди по тој пат.

– Дури и еден Касемиро не можеше да поверува на деталите на кои внимава и на тактичките познавања кои ги има Тен Хаг. Касемиро мислеше дека има видено се во Реал Мадрид, но тука се соочи со Тен Хаг. Тој ми помогна и кога бев во Твенте, се му беше испланирано до најситен детаљ, така е и во Јунајтед. Многу е педантен и дури знае и кога треба да има пауза за пиење вода. До толку внимава на деталите, што гледа дали чорапите ви се облечени високо, или ниско, – открива Мекларен.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни