Мекларен го претстави болидот, портокаловата боја се врати во мода

mcl34

Формула 1 тимот Мекларен денеска го претстави болидот за новата сезона кој ја носи ознаката „MCL33“ и означува почеток на соработката на британскиот тим со Рено, чии мотори ќе ги заменат тие на Хонда со кои не беа постигнати посакуваните резултати.

Она што е карактеристично е враќањето на портокаловата боја која во комбинација со сината значи враќање на традицијата, а според Мекларен, истовремено и исполнување на желбата на фановите кои минатите години го потенцирале нејзиното значење.

mcl33

Шасијата и дизајнот се еволуција на ланскиот болид, а одговорните во Мекларен велат дека лесно го адаптирале на новите мотори и очекуваат подобри резултати. Овој тим нема Ф1 победа од трката во Бразил во 2012 година, а последен пат стигна до подиум во 2014-та.

Покрај Фернандо Алонсо, возач на тимот ќе биде Штофел Вандорн.

mcl331

Facebook Коментари