Поврзете се со нас

Формула 1

Мекларен ги потврди возачите за 2021, Алонсо не е меѓу нив!

Објавено

на

Мекларен и официјално го потврди ангажманот на австралискиот пилот, Даниел Рикиардо кој во клубот ќе го замени Карлос Саинц од 2021 година.

Ова е втората важна вест од Формула 1 спортот лиферуана во јавноста оваа недела. Претходно беше обелоденето дека по крајот на 2020 година таборот на Ферари ќе го напушти Себастијан Фетел.

Од Мекларен потврдика дека тимот ќе го напушти Карлос Саинц со што дополнително се потврди информацијата дека младиот шпански возач ќе биде нов тимски колега на Шарл Леклер во Ферари.

Австралиецот по двегодишната авантура во Рено ќе се пресели во Мекларен каде ќе му биде тимски колега на младиот Ландо Норис кој ќе остане во тимот трета година со ред.

– Потпишувањето на Даниел е уште еден чекор напред во нашето долгорочно планирање. Тој ќе донесе нова димензија во нашиот тим.

– Сакам да му изразам благодарност на Карлос за одличната работа што ја вршеше во Мекларен. Тој е вистински тимски играч и му посакуваме среќа во иднина, -изјави првиот човек на Мекларен, Зек Браун.

Со оваа објава паѓаат во вода шпекулациите кои го поврзуваа Фернандо Алонсо со камбек во Мекларен, но сега останува отворена можноста тој да се приклучи на Рено каде едното место е испразнето по заминувањето на Рикиардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни