Поврзете се со нас

Англија

МекКојст за статусот на Трент во Ливерпул: Ако замине во Реал Мадрид…

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Трент Александер-Арнолд  е на добар пат да ја заврши приказната во Ливерпул, клуб за кој настапува низ целата досегашна кариера.

Александер Арнолд е дете на „црвените“ и за сениорите настапува од 2016 година, односно беше дел од најзначајните успеси на тимот во поновата историја. Меѓутоа како што стојат работите тој како слободен фудбалер ќе се пресели во редовите на Реал Мадрид, одлука која не е баш прифатена од навивачите, но и од дел од јавноста во Англија и на островот.

Меѓу последните кои се огласија е легендата на Ренџерс и некогашен шкотски репрезентаитвец, Али МекКојст кој посочува дека ако се оствари најавеното сценарио тогаш Трент нема да биде легенда на клубот, да има статус како Стивен Џерард и Кени Даглиш.

-Кога ќе помислам на двајца најлегендарни играчи на Ливерпул, на ум ми паѓаат Стивен Џерард и Кени Даглиш. И двајцата ќе влезат во фолклорот на Ливерпул, иако Даглиш на почетокот играше за друг клуб кога беше во Селтик.

-Ако Трент Александер-Арнолд замине во Реал Мадрид, тоа не мора да ми каже дека тој нема да стане великан на Ливерпул, но дефинитивно нема да биде во ист статус како Џерард и Даглиш како легенда, иако Џерард не освои ниту една лигашја титула на „Енфилд“, -истакна Шкотот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни