Поврзете се со нас

Италија

МекКени на крајот ги прифатил условите на клубот, Јувентус го враќа во составот за новата сезона

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Јувентус летово направи радикален чекор и реши да стави речиси цел тим од докажани фудбалери на трансфер листата, најавувајќи им дека не се во плановите на новиот тренер Тиаго Мота.

Дел од нив можеби и ќе останат затоа што нема да стигне соодветна понуда во Торино, Федерико Киеза веќе е целосно отпишан и покрај тоа што до неодамна тренираше со досегашните соиграчи, а случајот со Вестон МекКени отиде во друга крајност.

Американскиот репрезентативец одбиваше да го продолжи договорот според условите на клубот, барајќи двојно поголема плата, но вчера имал состанок со Мота и на истиот му соопштил дека сака да остане по условите понудени од Јувентус и добил зелено светло за враќање во првиот тим.

МекКени имал повеќе понуди од различни лиги, вклучувајќи ги тие на Галатасарај и екипа од Саудиска Арабија, но на крајот донел одлука да се откаже од поголемата плата и повторно да се бори за место во тимот на „бјанконерите“. Интересно е што МекКени имаше слична епизода и претходното лето, па прикажа добри партии за Јувентус, а сега наводно добил гаранции и од Мота дека за него ќе има место во средниот ред на екипата.

Компромисното решение е Американецот да потпише договор до 2026 година, за што ќе добива плата од 2,8 милиони евра по сезона, а веќе од денеска да биде во комбинација за првиот натпревар против Комо.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни