Поврзете се со нас

Англија

МекКена откри зошто ги одбил англиските великани: Возбуден сум…

Објавено

на

foto: x.com/IpswichTown

Киран МекКена е еден од младите англиски менаџери чија работа е доста ценета на островот особено по она што го направи со Ипсвич кого успеа да го врати во Премиер лигата по пауза од две децении.

МекКена со добра врата му донесе промоција, напредок на Ипсвич од сезона во сезона, па токму тоа му донесе сериозен интерес од премиерлигашите Челси и Манчестер Јунајтед. Англиските великани го посакуваа неговиот потпис, но ништо од таа приказна затоа што Киран се одлучи да потпише нов договор со сегашниот тим до 2028 година.

-Свесен сум за тоа. Тоа е дел од успехот, има интерес од други клубови и тоа е кратка кариера како менаџер. Правилно е да се земат предвид работите, но јас сум толку многу среќен со одлуката што ја донесов. Исклучително сум горд што потпишав нов договор со клубот.

-Уживавме во неверојатен успех заедно во последните две сезони и возбуден сум што имам можност и одговорност да го водам овој фантастичен клуб во неговата прва сезона во Премиер лигата по 22 години, -порача МекКена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни