Англија
МекКарти: Визијата на Тен Хаг беше да го води Јунајтед една деценија

Ерик тен Хаг стана уште еден менаџер, кој по неколку сезони мораше да го отстапи своето место во Манчестер Јунајтед, пред се поради недоволно поволните резултати на екипата, а неговиот асистент Бени МекКарти има многу високо мислење за холандскиот стручњак.
Поранешниот јужноафрикански репрезентативец и напаѓач со долга европска кариера имаше привилегија да работи во редовите на англискиот великан, а од неодамна е назначен за нов селектор на Кенија.
Во последното интервју, МекКарти зборувал за Тен Хаг и неговиот став за потенцијалот и квалитетите на Холанѓанецот.
– Беше неверојатно голема привилегија да работам во еден од најголемите клубови во светот, под водство на Ерик тен Хаг.
– Видов што е високо ниво на професионализам бидејќи тренерот со кој работев не е само дисциплиниран, туку беше и еден од најголемите професионалци кои сум ги сретнал во рамките на фудбалската кариера.
– Работеше напорно, посветено и страсно и неговата визија беше да го води Јунајтед десет години. Иако сите зборуваа во колку лоша позиција е клубот, ние освоивме трофеј во ФА и Карабао купот, – рекол МекКарти, кој работеше две сезони како асистент на Тен Хаг.
-
Репрезентација17 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП20 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства7 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!