Поврзете се со нас

АТП

Мекинро за тоа кој може да го предизвика Ѓоковиќ во Мелбурн: Ако не верувате дека можете да го победите…

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Пред нас е првиот грен слем за оваа 2024 година, Аустралијан Опен, турнир кој ќе се игра од 14 до 28 јануари.

Прв носител и прв фаворит дефинитивно е Новак Ѓоковиќ кој е актуелен шампион, бранител на пехарот, но и човек кој турнирот во Мелбурн го има освојувано дури во десет наврати.

Токму поради ова и поради се што има направено Ѓоковиќ ја има улогата на фаворит и според легендарниот Џон Мекинро се ќе зависи од него кога е во прашање епилогот на овој прв голем календарски настан во белиот спорт.

-Изгледа неверојатно, минатата година беше монументална за неговите години, фантастично е што сè уште му оди толку добро. Можеби не сме сите апсолутно убедени дека се е во ред со неговиот зглоб, не знаеме дали е 100 проценти подготвен, но тоа се случуваше и во текот на изминатите две години. Тој победи во тие две години и покрај повредите. Луѓето мислат дека ќе биде добро, но јас навистина не знам каков е физички.

-Технички е најдобриот играч што сум го видел, психички, физички. Ако немате вистинска верба во себе во вашата глава, дека можете да го победите, тогаш немате никакви шанси, -вели Џон кој посочи кој може да биде предизвик за Ноле на АО.

-Неколку играчи се подготвени, како Алкараз на Вимблдон, но малкумина можат. Тој има освоено десет титули на Австралија опен и законот на веројатност вели дека некој ќе го направи тоа во одреден момент. Разговаравме и за Рафа на Ролан Гарос, па кој знае што ќе се случи, -заклучи Американецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни