Поврзете се со нас

АТП

Мекинро за шансите на Ѓоковиќ и Надал за настап на Ју-Ес Опен: Верувам дека…

Објавено

на

Американската тениска легенда, Џон Мекинро даде свој коментар за тоа какви се шансите да ги видиме Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал на двата големи турнири кои се веќе закажани Ју-Ес Опен и Роланд Гарос.

Се очекува да се одиграа грен-слем турнирите во Њујорк и Париз иако се уште постојат одредени прашалница затоа што официјално сезоната се уште не е продолжена и во одредени држави се уште има големи проблеми со коронавирусот.

-Верувам дека најдобрите тенисери ќе играат на двата грен слема. Верувам дека повеќето врвни играчи, како и младите со нетрпение чекаат да се вратат на теренот, да се натпреваруваат. Зборуваме за два грен слема, тоа е голема работа, -вели Мекинро и додава:

-Претпоставувам и се надевам дека Новак ќе биде добро и ќе може да се натпреварува на Ју-Ес Опен. Рафа може да процени дека ќе му биде тешко веднаш да премине од бетон на земја. Тоа е нешто што не го сака. На крајот на краиштата, ќе биде интересно да се види кој од играчите од Европа ќе дојде во САД, со оглед на ситуацијата во Њујорк, -дополни Џон кој во својата кариера освои 77 титули и беше светски рекет број еден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни