Поврзете се со нас

АТП

Мекинро за прогнозата за Ѓоковиќ: Луѓето мислеа дека сум луд…

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Новак Ѓоковиќ има година која е далеку под неговото ниво, ниту една освоена АТП титула, но „грабна“ злато на Олимписките игри во Париз, нешто за кое сонуваше и се обидуваше да го оствари подолго време.

Србинот повеќе не се форсира и прашање е кој ќе биде следниот турнир на кој ќе настапи, па дефинитивно останува дилемата колкава е мотивацијата за во блиска иднина со оглед на тоа што веќе ги нема ниту главните конкуренти од неговата генерација Рафаел Надал, Рожер Федерер, Енди Мари…а и ги има освоено сите можни титули на сцената.

-Мислам дека ќе му биде последна година. Ќе биде тешко да се освојат уште неколку слемови. Ако Австралија Oпен започне утре, тој би бил трет фаворит што е солидно. Нема сомнеж дека може да ja освои Австралија Oпен. Тој ја освои oлимпијадата на земјена подлога што е неверојатно. Може да освои уште еден или два слемa. Вимблдон секако. Сè уште нема толку многу врвни играчи на трева, -вели Патрик Мекинро посочувајќи дека бил во право кога кажал дека Ѓоковиќ нема да има успеси во 2024 година.

-Ќе игра се додека мисли дека има шанса. Му предвидував дека оваа година нема да има многу успех, луѓето мислеа дека сум луд. Ама триумфираше на ОИ. Многу размислуваше за златниот медал и неверојатно успеа, -порача тенискиот аналитичар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни